Скокнете на содржини
Игри на Google Play
Почеток на главните содржини.
Игри на Google Play

Непречено играње на мобилен и на компјутер

Пронајдете ја вашата игра

Истражете каталог од светска класа со над 200.000 игри на мобилен и на компјутер и пронајдете ја вистинската игра за вас

Собирајте награди

Освојувајте поени на Google Play1 за да може да ги користите за купувања на игри и добијте ексклузивни поволности како член на Points

Добивајте новости за игри

Новостите за вашите омилени игри и вашите гејмерски достигнувања се наоѓаат во практичната картичка „Вие“2

Откако ќе продолжите, ќе добиете е-порака за Google Play Games на компјутер
Лизгајте надолу за повеќе

Непречено играјте на вашите уреди

Синхронизирајте ја збирката за игри и напредокот3 за да може да продолжите од каде што сте застанале – без разлика дали играте во движење на телефон или се задлабочувате со поголем екран и подобри контроли на компјутер.

Најдете ја соодветната игра за вас

Со над 200.000 игри за мобилен и за компјутер, на Google Play Games има по некоја игра за сите. Добијте препораки и богати информации за сите игри за да си ја пронајдете следната омилена игра. Погледнете ги игрите што се достапни на мобилен и на компјутер.

Понуди на Play Points
Play Points
Награди
Монети
Значки

Играјте за награди

Отклучете подобрени награди со Google Play Points, програмата за наградување на Google Play во која може да добивате поени и награди и да ги користите за попусти и ставки во игрите. Колку повеќе поени на Play ќе добиете, ќе отклучите толку повеќе награди, поволности и доживувања што не се купуваат со пари. Придружете се веднаш1.

Серии
Попусти
Игри
Достигнувања

Организирани податоци за гејминг

Вашиот гејмерски профил е срцето на картичката „Вие“. Лесно може да преминете од картичката „Вие“ на гејмерскиот профил кога сакате така што ќе ја допрете профилната икона на мобилниот. Со еден профил за мобилен и за компјутер, лесно може да си ги следите статистиката, сериите, напредокот и достигнувањата во игрите. Секое достигнување, секоја победа – сѐ е тука за да се прослави.

Бидете во тек без да ја напуштите играта

Помошната табла на Play Games со Gemini Live е нов придружник при гејминг што ви овозможува лесен пристап до статистиката, достигнувањата и советите без да ја напуштите играта. Може и да добивате разговорни насоки во реално време од Gemini Live додека играте. Помошната табла е достапна само додека играте игри што се преземени од Play и наскоро пристигнува на мобилен.

Обезбедете си го играњето со Google

Играјте самоуверено на мобилен и на компјутер, со безбедност и заштита од Google. Google Play извршува над 10.000 безбедносни проверки на секоја игра што ја нудиме за да се одржи безбедноста на вашите податоци и уреди.

Често поставувани прашања

Google Play Games го подобрува гејмингот на мобилен, на таблет и на компјутер правејќи го играњето на повеќе уреди понепречено. Доживувањето опфаќа единствен гејмерски профил за мобилен и за компјутер, голем каталог игри што може да се играат на повеќе уреди, награди што може да ги освојувате додека играте, организирани податоци за гејминг и помошната табла на Play Games со Gemini Live, придружник за играње што ви дава лесен пристап до информации без да ја напуштате играта. Картичката „Вие“ и помошната табла првично ќе се воведат за мобилен.
За да започнете на мобилен:
  1. Отворете ја апликацијата Google Play Store на Android
  2. Допрете ја вашата профилна слика
  3. Допрете „Придружете се во Google Play Games“
  4. Следете ги чекорите за да создадете гејмерски профил.

Во Google Play Games може да се придружите и преку компјутер.
  1. Преземете Google Play Games на вашиот компјутер или лаптоп со Windows
  2. Отворете ја датотеката .exe и следете ги упатствата на екранот
  3. Поставувањето на сметката преку апликацијата „Google Play Games на компјутер“ автоматски ќе го постави вашиот профил на Google Play Games. Подготвени сте.

За дополнителни информации, прочитајте ја нашата статија во Центарот за помош. „Google Play Games на компјутер“ е достапна во над 140 региони. Сите корисници во овие региони со подобен уред може да играат на компјутер.
Да. Дури и без мобилен уред со Android, може да ја доживеете Google Play Games на компјутер со Windows. Многу од игрите што се достапни на мобилни уреди со iOS може да се играат и на „Google Play Games на компјутер“.
Може да поставите само еден гејмерски профил за една сметка на Google. Ако имате повеќе сметки на Google, може да создадете повеќе гејмерски профили.
Не, не треба да платите за да користите Google Play Games на мобилен или на компјутер. Меѓутоа, кога ќе играте игри, можеби ќе треба да платите за играта или ставки во играта.
Имаме голем избор на игри за повеќе уреди. Погледнете што е достапно на мобилен и на компјутер.
За да инсталирате игри на вашиот мобилен уред со Android, отворете ја Google Play Store, пребарајте игра и допрете „Инсталирај“. За да инсталирате игри на компјутер, прво поставете ја Google Play Games на вашиот компјутер, па пребарајте игра и допрете „Инсталирај“.
Ако не се придружите во Google Play Games, нема да имате пристап до одредени функции, како што се картичката „Вие“ или помошната табла на Play Games на вашиот мобилен уред со Android.
Дознајте како да го избришете вашиот профил на Play Games овде.
Вашиот компјутер мора да ги исполнува минималниве барања:
  • Windows 10 (v2004)
  • Solid State Drive (SSD) со 10 GB достапен простор за складирање
  • IntelⓇ UHD Graphics 630 GPU или со слични спецификации
  • 4 CPU физички јадра
  • 8 GB RAM
  • Администраторска сметка на Windows
  • Хардверската виртуализација мора да биде вклучена

Игри на Google Play

Придружете се во акцијата

Откако ќе продолжите, ќе добиете е-порака за Google Play Games на компјутер